
Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога сте нападнати со нож, со примена на техники за самоодбрана од реалниот аикидо.
Одбраната при напад со удар со нож од горе, започнува така што со десната рака ја блокираме раката која напага во ределот на подлактицата. Потоа одбраната продолжува со тоа што ротираме десно назад . Левата рака ја поставуваме околу вратот на напаѓачот и со неа влечиме во лево назад. Во исто време со десната рака изведуваме лост врз неговиот десен лакт.
На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.
Заинтересираните за посета на часови за самоодбрана можат да се јават кај Ѓуро Илиќ на телефон 070 206 655 или во просториите на Будо центарот.






