Press "Enter" to skip to content

Еуромарм Пелистер 2 поразен во Битола од Пролет во плеј-офот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 21:23 (10:13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола

Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески (Прилеп)

Црвени картони: Петровиќ и Дрогришки (Еурофарм Пелистер 2)

Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, Арсеновски 1, Петровиќ 4, И. Димитровски 1, С. Талевски 5, Дрогришки 2, В. Димитровски 1, Пет. Атанасијевиќ, Пав. Атанасијевиќ 6, Митревски, Белистојановски, Јовановски, Блажевски, Стоилевски 1, Петковски

Седмерци: 2/0,, Исклучувања: 16 минути

Пролет: Ангелов 1, Цветковски, Кристо, А. Василевски, Аларов 3, Давитковски, Пецаковски, Димов 3, Андоновски 2, Џонов 1, Мајнов, Дамчевски, Ф. Василевски 1, Потиќ, Палевски 8, Пејовиќ 4

Седмерци: 3/2, Исклучувања: 12  минути.Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во рамките на Суперлигата, плеј-оф, второ коло) е поазена во Битола, на свој терен од Пролет, со 21:23, полувреме 10:13. Битолчани со подмладен состав, по преминување на играчи во првата екипа, повредениот Јован Талевски и со два црвени картони,  одигра борбен натпревар и не беа во подредена улога.Првиот дел со многу резултатски израмнувања, а во втората половина на полувремето Пролет дојде до +2. Ангелов реализираше на празна мрежа, а со гол од седмерец во последната минута првиот дел заврши со -3 за домашните.На почетокот на продолжението битолчани ја стопија предноста на Пролет. На средина од вториот дел Павле Петровиќ заработи црвен картон. Со минимална предност на Пролет се влезе во последните десет минути, а следуваше и црвениот картон на Дрогришки. При 19:20 тимот на Јовиќ не реализира напад за израмнување, а до крајот беше 21:23.Павле Атанасијевиќ со шест и Стефан Талевски со пет погодоци беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »