Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: децата водат главен збор во куќата!?

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Како ќе знаеме дека децата го водат главниот збор во куќата?

-Тогаш кога ќе почуствуваме дека возрасните не претставуваат авторитетни фигури.

-Кога постои постојана огорчена борба помеѓу родителите и децата и измеѓу самите родители. Во смисла: (Ти  му попушташ или ти …)

-Кога децата “ги поделат возрасните, па владеат“. На пример: „Мама кажа дека можеме да играме игри на компјутер откако ќе научиме . Но, можеме ли тоа сега, а после да напишеме математика?

Односно кога децата стануваат добри преговарачи – ќе го направам ова ако ти ми го купиш она…итн.Поточно децата водат главен збор во куќата кога: 

-Имаат 5 четки за заби помеѓу кои можат да бираат, и со тоа вие мислите дека ќе прекини убедувањето  околу миењети на заби секој ден.

-Детето води главен збор ако му кажета да го однесе ѓубрето повеќе од 5 пати и потоа сами го направите тоа.

-Или вашата ќерка ви кажа дека ве мрази ако и кажете дека немате доволно пари да и го купите нештото што го сака (мобилен телефон, велосипед или на поголема возраст, подоцна и автомобил)

-Или децата зборуваат и користат погрдни зборови и не прекинуваат кога им се каже (презборуваат)

-Или децата низ дома постојано се расправаат  жестоко и нема мир во куќата.Ако се соочувате со  овие наведени проблеми тогаш еве неколку корисни препораки:

Решете го проблемот. Многу од вас знаат како да го решат проблемот. На децата ќе им помогнете ако го решите проблемот веднаш сега. Не заборавете и некоја промена колку и да е мала може да го промени цел состав. Нема да им биде ништо ако почекаат неколку минути.

Ако вашето 18 месечно бебе се разбуди и кога сте во некоја работа може да причека. Довикнете му со ведар глас дека за минута ќе го земете. И ако почне да плаче уште посилно продолжете со работа. Кога завршите со смирен глас, ведри и насмеани влезете во собата, заблогодарете се и погрижете се за неговите потреби.Аако се чувствувате вина, знајте дека со  учењето на животни лекции е чин на љубов.

Од најмала возраст (5 – 6 години) пуштете ги сами да ги врзуваат патиките. Стекнување на независност за некои навики. Пример: Сами да се облекуваат. Пред школо станете ги порано. Пофалете ги за успехот кога се закопчале или ги врзале добро сами своите обувки. Секоја навика се зацврстува кога се пофалува со љубов.Пуштете ги да се исплачат. Кога вашата 14 годишна ќерка дојде дома во солзи дека се скарала со првиот дечко (настан кој може да са промени веќе и другиот ден и повторно да се повтори. на нивна возраст). Бидете покрај неа и бидете добар слушател. Кажете „тебе ти е тешко и жал ми е што си повредена“. Избегнувајте да и давате совети и само слушајте, слушајте и слушајте. Тагата ни помага да преболиме, солзите доаѓаат со тагата. Самиот факт дека сте со неа вие и праќате силна порака дека верувате дека можа да ги поднесе животниоте болки. И дека ви е значајна.

На дваесет и повеќе годишна возраст кога се студенти не им ги  копирајте скриптите за нив, полагате испити или покривате долгови на кредитни картички. Со достоинство кажате им дека би требало да водат повеќе грижа за се. Давајте им совети како да се снајдат со финансиите за да не западнат во неволји и исто така поттикнуватјте ги сами да ги прават своите работи.

Да заклучиме:

Сите родители би сакале потполно да го исчисат животниот пат на своите деца. Тоа е природно. Но компетенетните родители обично знаат дека со ублажување на тој пат ги спречуваат нивните деца вистински да пораснат и да се борат против тешкотиите на тој  пат.

More from СоветиMore posts in Совети »