Во просториите на “Ангромаркет“ во Битола состанок одржа посебното трговско друштво, стопанска интересна заедница “ЛКА“, кое е управувано од директори – управители на локални ланци на маркети на национално ниво кои имаат рејтинг и углед на чесни стопанственици.
Во ова посебно трговско друштво, “ЛКА“ (local key account group) членува и компанијата “Ангромаркет“, како локален клучен , а други членови се “Атва“ од Кичево, “Елида“ од Куманово, “Монтенегро“ од Гостивар, “МКБ-МИСА“ од Струга, “Тамаро“ од Охрид и “Мак Прогрес“ од Виница.
Денес на состанокот беа примени и нови членки, ланци на маркети, “Астра“ од Свети Николе, “Црвена Ружа“ од Струмица, “Оаза“ од Тетово, “Маком треф“ од Радовиш со што се зголеми бројот на членки во групацијата.
Денес на состанокот на Управниот одбор беше распавано за подготвување и примена на заеднички договори во разни свери, при набавка, увоз, транспот, складиштење, маркетинг се со цел олеснување на набавките и унапредување на продажбата.
Инаку, групацијата ќе има вработени администратори, маркетинг и референти за набавка во понатамошниот развој, (два-три категори менаџери поделени по категории) и е одговорна за креирање и договарање на приватни марки на производи, а јавно се објавуваат нивните членки, кои мора да има минимум 3 малопродажни објекти.
Групацијата има управен одбор (6 члена) кој е составен од претставници од членките, кој се состанува еднаш месечно и се разгледуваат резултатите од работењето, се одобруваат новите понуди, се верифицираат договорите со добавувачите и сл.
Иако е членка на грипацијата, секоја членка си има своја ценовна политика, продажните цени може да бидат различни освен за оние кои се во каталог направен за потребите на групацијата. Маркетите на групацијата се обележани со две имиња – два бренда, се додава логото “ЛКА“ како и останува автентичноста и брендот на членката. Групацијата издава еден национален каталог со акциски производи во кој се опфатени приватните марки и акциските производи со добар попуст, но секоја членка има право да издава и дополнително свој каталог или акција во зависност од регионалност, сезоналитет и сл.
Исто така групацијата прави ТВ реклами на национално ниво и организира национални наградни игри, а попустите за време на акција ги одобруваат добавувачите.






