-Повеќе од десетина години на 1. април низ Широк Сокак во Битола се организираше маскембал по повод Денот на шегата, а на него учествуваат во претпладневната програма најмалите, а потоа во вечерните часови повозрасните, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој за оваа преубава традиција додава:
-Порано пред околу триесетина година имаше маскембал по повод Прочка, а потоа некако тој маскембал се прекина, имаше некои иницијативи за негово обновување, за кои сме пишувале во оваа рубрика, но не поминаа најубаво. Потоа започна со организација на маскембал на 1. април во кој учествуваа најмалите од градинките.
На оваа иницијатива се приклучија и “малите“ одделенија од основните училишта од Битола, а на 1. април, на денот на шегата, Широк Сокак беше преубав и шарен со многуте креации во кои беа облечени нашите најмали сограѓани.
-По Широк Сокак беше организиран дефиле во кое битолчани во “живо“ како велиме ние новинарите, го гледаа Спајдермен, Том и Џери, Супермен, Пепелашка, разни кралеви, принцови и многу разни имагинарни јунаци од цртаните и играните филмови, вели Димовски, а за “вечерната програма“ додава:
-Вечерните часови беа во знак на повозрасните, тинејџерите и поголемите кои во разни креации први прошетуваа по Широк Сокак, а потоа забавата ја продолжуваа во кафулината, каде се беше во знак на маскембалот.
Но, за жал, заради короната, како и во други сфери на општеството, сега веќе втора година ќе немаме шаренило и многу маски и костими по Широк Сокак, а ни останува само седејчи дома, и почитивајчи ги препораките за заштита да се надеваме дека по една година Широк Сокак ќе биде претесен за шаренилото кое ќе го донесат најмалите, а потоа вечерта и поголемите.
Како сеќавање на овие убави денови, на денот на шегата објавуваме неколку фототрафии од пред 10 години, на нив се наоѓаат и ќе се препознаат децата во 2011, учесници на маскембалот, некои сега во 2021 се дел веќе средношколци.

Деновиве пред 10 години: маскембалот во Битола, по Широк Сокак и кафулината, за 1 април, денот на шегата (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Денес, 10. седница на Советот на Општина Битола
- Во Битола сончево, температурата до 23 степени, од утре заладување
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026










