Менаџментот на трите претпријатија од Битола, КJП “Нискоградба“, ЈП “Комуналец“ и ЈКП “Водовод“, како превентивна мерка за заштита на здравјето на вработените и корисниците на услугите донесоа одлука за времено затворање на Наплатниот пункт на улица “Рузвелтова“ во Битола во период од 29.03.2021 до 04.04.2021 година.
Доколку има потреба од продолжување на оваа превентивна мерка, соодветна информација навремено ќе биде доставена до медиумите за информирање и споделена преку социјалците мрежи.






