Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: возач загина при излетување од патот Битола-граничен премин

На 28.03.2021 околу 16.00 часот на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, кај крстосница од село Бистрица и село Оптичари, патничко моторно возило “рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б. (34) од Битола, излетало од коловозот.

На пат за Клиничка болница Битола возачот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »