Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од директен бод удар во глава

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од директен бод удар, кога сте нападнати со нож, со примена на техники за самоодбрана од реалниот аикидо.

Одбрана од директен бод удар во глава, одбраната започнува така што се поместуваме напред лево во страна, со десната рака го “свртуваме“ правецот на ударот. Од положба напред лево страна, нанесуваме удар со десната нога во градите на противникот, а потоа ја спуштаме левата рака врз десното лакто на напагачот, и преземаме потполна контрола.На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.

Заинтересираните за посета на часови за самоодбрана можат да се јават кај Ѓуро Илиќ на телефон 070 206 655 или во просториите на Будо центарот.