Press "Enter" to skip to content

Дарио Петровски: густиот распоред шанса за нас помладите да покажеме квалитет

Силниот ритам на натпревари и патувања кој беше во март за ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола на свиј терен и на гостувањата продолжува и во април, а денес гостуваат во Словечка каде во рамките на СЕХА лигата играат против Тартан Прешов, кој убедливо го победија во Битола, во спортскат сала “Боро Чурлевски“.

Поради густиот распоред управата на клубот во своите редови ги вклучи и ракометарите од “двојката“ Цветан Кузманоски, а потоа и Дарио Петровски, за да се добие “поголема“ клупа.

На натпреварот против Татран Прешов во тимот ќе биде и младиот Дарио Петровски, кој шансата која ќе ја има тој и останатите вели:

-Прво сакам да кажам дека се надевам на добар резултат денес протов Тартан Прешов, иако имаме густ распоред, играме на секои 2-3 дена и малку има простор за одмор. Потребно е да се изротира ростерот, сите 20-тина ракометари за да се одиграат на ниво сите натпревари. Ова е шанса за нас помладите, да покажеме низ поголемата минутажа дека можеме да се носиме со сите противници.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »