Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена локална облачност

Денес, понеделник, 5 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а од пладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен. Температурата во Битола до 14 степени.

Утре, вторник, 6 април, во Битола времето ќе биде сончево со мала, а во југоисточните делови умерена облачност и услови за повремен дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта од запад ќе се прошират нови врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 17 степени.