Press "Enter" to skip to content

Одбележани 23 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)

-Денес во Битола со полагање цвеќе на споменикот во дворот на СВР Битола и на споменикот “Ангел“ кај градскиот часовник, беше оддадена почит на загинатите Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски во 2001 година кај Вејце. 

Денеска се навршуваат 23 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде загинаа припадниците на безбедносните сили од Битола, Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.Во знак и почит кон загинатите бранители од Битола, беше положено цвеќе на споменикот во чест на бранителите во дворот на СВР Битола, како и на споменикот “Ангел“ во паркот кај градскиот часовник.На споменикот пред СВР Битола и споменикот “Ангел“ пред саат кулата во нивна чест цвеќе положија Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи, Сашо Тасевски –  директор на БЈБ, Сашо Мирчески – началник на СВР Битола, семејствата на загинатите, колегите, воени старешини, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, престедателката на Советот на Општина Битола – Габриела Илиевска, бранителите, претставици на полициските синдикати,  делегации од политичките партии и други поединци и здруженија.Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи по положувањето на цвеќето на двата споменици рече:-Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители – херои. За мирот и спокојот што денеска го имаме ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации. Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Дозволете ми на крајот, во мое име, како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на министерството за внатрешни работи да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени а Македонија ќе биде вечна. Градоначалникот на Битола,  Тони Коњановски рече дека тука сме да го зачуваме споменот за овие македонски херои и да оддадеме почит и никогаш да не ги заборавиме и додаде:-Денес се навршуваат 23 тажни години од денот на загинувањето на битолските херои кај Вејце. Со ова чествување искажуваме огромна почит кон нивното дело, да не остане заборавено и да биде една голема опомена до сите нас ваквите настани никогаш повеќе да не се повторат. Сведоци сме дека во предизборието повторно се слушаат националистички изливи, а тоа треба да биде едно минато. Битола е град на мултикултурата и претставува мултиетнички центар и треба достојно на нашите бранители да им оддадеме почит и да го задржиме споменот.

More from ВестиMore posts in Вести »