Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 го обезбедува опстанок, нова победа над Мулти Есенс (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс 29:21 (15:10)

Вечерва во Битола во салата “Боро Чурлевски“ екипата на Еурофарм Пелистер 2 со победата над екипата на Мулти Есенс со резултат 29:21, полувреме и освојување на нови бодови направи голем чекор напред кон опстанокот во суперлигашкото друштво. Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од стартот на натпреварот имаше добра игра и направи водство кое го одржуваше. Еуерофарм Пелистер на стартот направи серија од 4:0 на почетокот од дуелот во Битола, а разликата се одржуваше. Потоа беше 10:6, а до крајот на полувремето разликата ја зголеми уште за еден гол, +5, 15:10.Во вториот дел екипата на Еурофарм Пелистер предводена од тренерот Михајло Петровски продолжи со добрата игра и ја одржуваше позитивата. Екипата на Мулти Есенс не успеа да се врати во игра иако со овој пораз тешко ќе опстанат во Супер лигата.Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Алем Хаџиќ со десет гола, пред Мијушковиќ и Талевски со по четири реализации. Еурофарм Пелистер 2 по оваа победа има 27 бодови, колку и екипата на Прилеп.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »