Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: тешка сообраќајка со пет жртви ги вознемири битолчани

-Не секогаш ние како новинари имаме прилика да пишуваме и известуваме за убави работи, а лошите вести се “најдобри“ кога се брка тираж. Една таква вест пред десет години во ова време на годината беше тешката сообраќајка во која пет мина ги загубија животите, а двајца беа пренесени на одделението за интензивна нега во болницата во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

Тешката сообраќајка се случила навечер, а за време на страотниот судир во Битола речиси цел ден врнел силен дожд, а лизгавиот коловоз и неприлагодената брзина најверојатно се
причината за несреќата. Според битолската полиција двете патнички возила директно се судриле на магистралниот пат Битола – Прилеп. 
беше тогаш соопштено до органите на полицијата.

Двете возила биле толку многу оштетени што на пожарникарите на противпожарната единица од Битола, која со две возила и петмина пожарникари со сечење на каросеријата учествувале во извлекувањето на жртвите им требале неколку часови да ги извлечат жртвите и повредените од возилата кои биле буквално сплескани.

Сообраќајката се случила на на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, се случи, а по завршената обдукција беа идентификувани жртвите од сообраќајната несреќа, кои го загубија животот. При страотниот судир на местото на несреќата животот го загубија возачот на патничкото возило “фиат тофес” од Битола, како и неговите сопатници брачната двојка Битола и лице од Прилеп. Од силниот удар на самото место животот го загубија и
двајцата сопатници од другото патничко возило ”фолксваген голф” со прилепски регистерски таблички двајцата од селото Алданци, Крушево, додека возачот на “фолксвагенот“ и неговиот сопатник 18 од Алданци се здобиле со тешки телесни повреди и беа префрлени во Клиничката болница во Битола, каде се бореа за живот.

Веднаш по несрќата патничките возила беа однесени на вештачење, а по наредба на Основното јавно обвинителство е покрената истрага и наредено е вештачење.

More from ВестиMore posts in Вести »