Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со рутинска победа во Битола против Пролет

Еурофарм Пелистер – Пролет 26:17 (12:6)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола

Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски (Скопје)Еурофарм Пелистер: Хендави, Чаневски, Мараш 2, Ојлески 2, Маркоски, Маџовски 1, Кукуловски 2, Мандалиниќ 5, Кушан 5, Стјепановиќ, Радовиќ 2, Периќ 3, Костески 4, Кукоски, Велковски, Петровски

Пролет: Ангелов, Цветкоски 1, Кристо, Давитковски, Аларов 5, Пецаковски 2, Јовановски, Донев, Димов 1, Андоновски 4, Василевски, Потиќ 1, Палевски 2, Пејовиќ, Фичорски 1.Еурофарм Пелитер во 4. коло од плеј-офот во Битола рутински ја победи екипата на Пролет од Скопје и не им дозволи на гостите ниту да дојдат блиску до рамноправна игра, со резултат 27:16, полувреме 12:6.По повредата од пред два месеци Томислав Кушан се врати во тимот, а на клупата беше тренерот Жељко Бабиќ по завршувањето на изолацијата поради ковид-19.Првиот дел Еурофарм Пелистер го започна со 3:0, а екипата на Пролет се обиде да биде рамноправен противник кон  средината на првиот дел. Но, со добра одбрана “пелистерци“ не дозволија, а имаа +4 (9:5) во 20. минута. Во финишот следуваше серија за 12:6.И вториот дел започна со доминација на Еурофарм Пелистер, а по десет минути беше +8 во 40. минута, по што следуваше седмерец за домаќините и цревен и син картон за Андоновски и Пецаковски. Крајот на натпреварот беше со резулатот 26:17.Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ и Кушан со по пет гола.По 4. кола Еурофарм Пелистер останува второпласиран, зад единствената екипа со максимален учинок, Вардар 1961.Во наредното коло битолчани гостуваат кај Металург.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »