Press "Enter" to skip to content

Победа со +10 на Еурофарм Пелистер над Металург во Скопје

Металург – Еурофарм Пелистер 22:32 (9:20)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола во Скопје убедливо ја победи екипата на Металург со резултат 22:32, полувреме, во рамките на плеј-офот, во натпревар во кој битолчани беа надмоќни во текот на целиот натпревар, а Металург, предводен од “нашиот“ Иван Марковски не најде начин како резултатски да се приближи.

Веднаш по уводните минути екипата од Битола, Еурофарм Пелистер дојде до +3 (4:1) во 6. минута. На средината од првото полувреме беше 5:10, а до крајот на првото полувреме со  лесни напади и лесни погодоци се зголемуваше предноста. Со 9:20 на полувреме јасно беше кој ќе биде победникот.

 

И вториот дел како и првиот Еурофарм Пелистер играше добро и ги казнуваа грешкит на Металург. Шанса добија сите ракометари, тоа не влијаеше на квалитетот, а сепак разликата растеше. Во 40. минута беше 26:14, за на крај и високиот пораз за 22:32. 

Најефикасен кај Пелистер беше Костески со пет гола, исто колку и Мандалиниќ. Голманот Хендави запиша 13 интервенции.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »