Пелистер Волеј – Виктори Волеј 3:1
(25:14; 25:21; 25:27; 25:23)
Во рамките на Прва државна Лига на Македонија во Битола, во салата на Средното медицинско училиште се одигра заостанатиот натпревар против екипата на Виктори Волеј, кој Пелистер Волеј заслужено го доби, со 3:1 по сетови.
Домашните одбојкарки убедливо го добија двата сета, поведоа 2:0, а во третиот сет кога требаше да се потврди победата со 3:0, кога имаа предност од 24:19 со серија грешки им дозволија на гостинките да го добијат сетот и да се изборат за четврт сет.
Во последниот сет, се мотивираа гостинките, но тоа беше недоволно да се изборат за петти сет, бидејки квалитетот во завршницата на сетот дојде до израз.
-Уште една победа, петта по ред, или вкупно 13, во крајно драматичен и неизвесен дуел, во кој малку фалеше мотивираната екипа на гостите да ни приреди изненадување, иако пред десеттина дена речиси без отпор победивме во гости. Колку и да е за неверување, секоја победа е подеднакво вредна, па и оваа во која игравме екстремно лошо, со безброј неизнудени грешки, со многу несигурност и многу нервоза, рече по завршување на натпреварот, Роберт Митковски, тренер на Пелистет Волеј.
Останува уште едно коло до самиот крај во кое Пелистер Волеј е домаќин, наредната сабота.
Фото: Дамјана Р.
[ngg src=”galleries” ids=”688″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]








