Веќе петти ден од донесување на најновите мерки за шиење на корона вирусот, а толку дена битолчанеи се без “редовната“ кафе шема низ кафулината низ Широк Сокак и во другите делоли на Битола.
Иако нека кафулина, има кафе, а секој кој е љубител на овој напитот, се снаоѓа на свој начин. Се пие кафе најповече во паркот, во маалските паркови, пред здрадите, в дворовите пред куќите…
Денес, недела, голем број битолчани се упатија кон околните ридови, кај Смолево, Снегово, Бранејца, по “Каналот“, а најголен број беа низ паркот во Битола и Тумбекафе.
А, во паркот секој си уживаше на свој начин, кој со велосипед, кој на ролери, кој на клупа, кој во тревата, а група млади на оригинален начин уживаа во пролетта и убавиот неделен ден, со поставување на летни платнени лулашки помеѓу дрвјата во паркот.






