Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се двајца.
Регистрирани се 1.014 оздравени пациенти од кои во Битола се 58.
Пријавени се вкупно 34 починати лица, од Битола се двајца на возраст од 59 и 75 години, починати во болнички услови.
До денес во Битола има 5.328 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.205 лица.
Преку ЦЈЗ Битола и болница “Плодност“ вчера не беа правени вчера ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 670.333 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978.






