Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 28:21 (14:10)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Судии: Даниело Божиновски од Битола и Виктор Начевски од Скопје
Еурофарм Пелистер: Хендави, Чаневски 1, Мараш 2, Ојлески 3, Маркоски, Маџовски, Кукуловски 1, Мандалиниќ 8, Кушан 3, Стјепановиќ 1, Периќ 5, Костески 2, Петровски, Велковски, Граџан, Ѓукиќ 2
Седмерци: 4/4, исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 4, В. Димитровски 2, Митревски 1, Петровиќ 2, Андонов 1, И. Димитровски 2, С. Талевски 1, Стоилевски 3, Пет. Атанасијевиќ, Дрогришки 3, Блажевски, Арсеновски 2
Седмерци: 2/1, исклучувања: 6 минути
Двете екипи од Битола, Еурофарм Пелистер, денес во рамките на 6. коло од плеј-офот играа меѓусебно, а домаќини беа “постарите“, кои ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер 2 со 28:21, полувреме 14:10.
Дуелот беше цврст, коректен и натпреварувачки, а започна изедначено, но по десет минути игра, благодарение на подобрата одбрана и лесните голови од крилна позиција, фаворитот Еурофарм Пелистер се одлепи на +6. Потоа екипата на Јовиќ намали на -3, но полуврето заврши со 14:10 за Еурофарм Пелистер.
“Двојката“ подобро го отвори вториот дел и намалија на 19:17. Со сигурни голови и поцврста одбрана во финишот Еурофарм Пелистер влезе со +4, за на крај да биде 28:21.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ со осум и Периќ со пет гола, а кај Еурофарм Пелистер 2 се Павле Атанасијевиќ со четири и Дрогришки и Стоилевски со по три гола.
[ngg src=”galleries” ids=”690″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]








