Атлетико – Топ Гол 0:5 (0:3)
Во рамките на 1/4 Финалето на Купот на Македонија за жени екипата на Топ гол на “Кумурно“ во Битола, ја победи домашната екипа на Атлетико, а тоа беше градско куп дерби во женски фудбал.
Во битолското дерби кое се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“, “гостите“ со конечен резултат од 5:0 ја декласира екипата на Атлетико.
Двојни стрелеци за Топ гол беа Гелевска во 11. и 16. минута, Најдовска во 47. и 81. минута, а Јанковска стрелаше во 28 минута.
-Честитки за пласманот во 1/2 финалето, го победивме градскиот ривал и уште еднаш покажавме дека сме далеку поквалитетна екипа. Имавме целосна доминација за време на целиот натпревар, ја контролиравме играта и едниствено жалиме за пропуштените шанси за повисок резултат, рече Кире Грбевски, тренер на Топ Гол.
За Топ гол настапија: Павлоска, Бумбаровска, Јанковска, Миќановиќ, Стојчевска, Талевска, Петровска, Гелевска, Т. Јанковска, Гоцевска и Љондевска уште играа Најдовска, Трајчевска, Татиќ, Дамева и Ѓорѓијева.
Викендот Топ гол ја пречекува екипата на Кочани во рамките на редовното 22 коло.
[ngg src=”galleries” ids=”691″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]








