Пелистер – Силекс 3.2 (2:2)
Со победата во Битола, под Тумбекафе, екипата на Пелистер може слободно да се каќе дека го има обезбедено опстанокот во Првата лига, а победата е извојувана во 27. коло, во одличен натпревар во кој сите фудбалери одговорија на задачите на тренерот Капинковски.
Ладен туш за сите под Тумбекафе во третата минута кога Ѓорѓиев го избегна блокот и биеше по земја, а топката мина под раката на Талески за 0:1. Потоа следуваше ударот на Мустафов кога ја здрма пречката од голот на Пелистер. Во 18. минута поништен гол на Ивановски, а по две минути Тантуровски ефектно со глава погоди за 0:2.
Екипата на Пелистер од два прекини се вратија во натпреварот. Прво во 23. минута Гудиаби центрираше од слободен удар, а капитенот Драгарски со глава намали на 1:2. Во 30. минута по корнерот на Фазлиу Илијоски со глава од пет метри израмни на 2:2.
Второто полувреме започна со супер-шанса на кратовчани, кога Илијоски во последен момент со лизгачки старт спречи чист погодок на кратовчани. По одличниот период на Силекс, Капинковски ги стави во игра Танушев и Нето. Нето ја донесе победата на Пелистер, откако во 70. минута истрча спринт со проектил ја “скина“ кратовската мрежа, за конечни 3:2.
Со оваа победа Пелистер се искачи на седмата позиција на табелата со 35 бода, дури шест повеќе од Силекс кој е деветти.
[ngg src=”galleries” ids=”689″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]








