Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден велосипедист кај “Бела Чешма“ и 58 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 13.04.2021 во 13.30 часот на крстосницата од ул. “Филип Втори Македонски“ и ул. “Баталјон Стив Наумов“ во Битола патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 25 годишник од Битола, удрило во велосипедист А.К.(67) од Битола. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.

На 13.04.2021 во периодот од 12.00 до 18.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе регионална акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, констатирани се 102 прекршоци. Било утврдено дека 58 возачи ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, а 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.