Press "Enter" to skip to content

Вардаровиот голман Марко Кизиќ три години ќе биде дел од Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер денес во Битола го официјализира првото засилување за следната сезона, засилуваат од Вардар, млад македонски репрезентативец, Марко Кизиќ. 20-годишниот голман.

-Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година. 20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција. Овој млад голман доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната. Официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола, се вели во соопштението на битолскиот клуб.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »