Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола повеќе оздравени 74 од нови позитивни 68, починати 3, активни случаи 1.282

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.284 тестирања, а регистрирани се 890 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 68.

Регистрирани се 1.024 оздравени пациенти од Битола се 74.

До сега во Битола има 5.577 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 1.282 случаи.

Пријавени се вкупно 35 починати лица од кои 3 починати лица Битола на 64, 65  и 74 години починати во болнички услови.

Направени се преку  ЦЈЗ Битола 90 и болница “Плодност“ 64 ковид тестови.