Press "Enter" to skip to content

Комплет ново осветлување на две улици во Битола

По поставувањето на новите канделабри на пешачката улица на „Булеварот 1 Мај“, кои светнаа на крајот на минатата недела, синоќа беа ставени во функција и новите канделабри на реконструираниот дел од улицата „Димитар Илиевски Мурато“.Поставувањето на нови канделабри и замената на старите дотраени столбови, продолжува и на другите улици кои се во фаза на реконструкција.Со реализацијата на инфраструктурните проекти кои го решаваат и проблемот со уличното осветлување, се врши поставување на подземен довод за новите канделабри, што е од големо значење во поглед на безбедносниот и визуелниот аспект, при што висечките кабли стануваат минато.