Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 71 позитивни на ковид-19, хоспитализирани 152, оздравени 43, починати 3 лица

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19 од кои од Битола се 71.

Регистрирани се 732 оздравени пациенти од кои од Битола се 43.

Во клиничката болницата во Битола на инфективно, физикална и модуларната болница се хоспитализирани 152 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Пријавени се вкупно 31 починати лица, три од Битола на возраст од 68, 62, и 61 година починати во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола  105, а преку болница “Плодност“ 64 ковид тестови.

До сега во Битола има 5.648 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.307 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 684.888 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082.