Press "Enter" to skip to content

Со “стотка“ Пелистер го победи ТФТ Скопје (фотогалерија)

Пелистер – ТФТ Скопје 104:68

Иако без неколкумина кошаркари и без тренерот Илиевски кошаркарите на Пелистер во Битола, во првенствен натпревар ја победија екипата на ТФТ Скопје со 104:68, а со оваа победа Пелистер му се одмазди на ТФТ за поразот во Скопје и да ја потврди лидерската позиција.

Во првата четвртина екипата на Пелистер не успеа да направи разлика иако гостите имаа грешки, а резултатот по 4 минути беше 8:8. Потоа следуваа неколку минути рамноправна игра, а завршница беше во знак на Пелистер, а по 10 минути игра беше 22:16. Втората четвртина и резултатски и на паркет беше во знак на Пелистер, за 23:17, а на полувреме се замина со +12 (45:33). Третата четвртина беше одлучувачка за тоа кој ќе биде победник. Со добра игра “пелистерци“ дојдоа до серија од 9:0 на стартот од вториот дел, со кои ја кренаа разликата над 20 поени, во последната четвртина да се влезе со резултат 71:50.Во последната четвртина екипата на Пелистер рутински го заврши натпреварот, а во еден момент поведе и со 36 поен повеќе од ривалот. На крајот, Пелистер забележа убедлива победа.Кај Пелистер, Кесар и Малешевиќ беа најефикасни со 27 и 22 поени. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »