Денес, недела, 18 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, од утринските часови со повремени врнежи од дожд, а од пладне на места нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Температурата во Битола до 15 степени.
Утре, понеделник, 19 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Можно е врнежите да бидат поројни и проследени со грмежи. Температурата во Битола до 16 степени.






