Press "Enter" to skip to content

Починати 6 лица во Битола, 25 нови позитивни на ковид-19, оздравени 52, хоспитализирани 148 пациенти

Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 25.

Регистрирани се 689 оздравени пациенти од Битола се 52.

Со денешните бројки во Битола до сега има 5.731 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.300 случаи.

Во болницата во Битола на инфективно, физикална и модуларната болница се хоспитализирани 148 пациенти позитивни и суспектни на ковод-19. 

Пријавени се вкупно 24 починати лица од кои 6 од Битола на возраст од 63, 68, 70, 71, 71 и 85 години, починати во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола  84, а преку болница “Плодност“  48 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 691.255 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.