Во последните 24 часа се направени 841 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19 од кои од Битола е само еден нов позитивен на ковид-19.
Регистрирани се 900 оздравени пациенти од Битола се 62.
До сега во Битола има 5.732 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 1.236 случаи.
Во регионалниот ковид центар во клиничка болница на инфективно, физикална и модуларната болница има 151 хоспитализирани.
Пријавени се вкупно 35 починати лица, од кои 3 починати лица од Битола на 72, 74 и 84 години во болнички услови.
Вчерна, недела не беа правени ковид тестови во ЦЈЗ Битола и болница “Плодност“.
Досега во земјата се направени вкупно 692.096 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, бројката на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041.






