По добро одиграните натпревари во пролетниот дел на оваа фудбалска сезона, екипата на Пелистер се уште не е математички сигурна во однос на бодовите во борбата за опстанок, а утре во Битола со победа над Ренова ќе има мирна завршница.
Интернационалецот во редовите на Пелистер, Иван Пејаковиќ, за пролетниот дел од полусезоната и за тренерот Капинковски, пред натпреварот против Ренова, ккја утре ќе се игра под Тумбекафе вели:
-Со доаѓањето на Капинковски работите си дојдоа на свое место. Пелистер игра извонредно во вториот дел на првенството и го зазема второто место во пролетниот дел. Ни следи тежок натпревар утре со Ренова. Но, се надевам на три бода и обезбедување опстанок без бараж натпревари. Не мора ништо да значи што ја победивме Ренова пред два месеци. Секој натпревар е ново докажување и верувам дека мотивирано ќе влеземе во натпреварот и трите бода нема да бидат доведени во прашање. Се надевам дека по натпреварот ќе биде многу појасно на табелата, а овој дуел е можност да се затвори проблематиката околу директниот опстанок.








