Пелистер – Ренова 1:0 (1:0)
Со цврста и борбена игра на тимот на Пелистер, под Тумбекафе во Битола, предводена од Димитар Капинковски ја совлада екипата на Ренова минимално, но сосема заслужено, а натпреварот помина до знак на голот на Гудиаби и одбраната на пеналот на Талески, а потоа и зицеот по него.
Со оваа победа екипата на Пелистер освои три бода, иако Капинковски имаше проблеми во составувањето на тимот без Танушев, Спиркоски и Николовски.
Иницијативата ја имаа гостите, а ударите од далечина Талевски добро интеревенираше на ударите. Во 28. минута Омар Гудиаби, Сенегалецот како брзо воз ја мина одбраната на Ренова и со пласирана топка со левата нога го матира Велии за 1:0. Во првото полувреме негирање имаше од двете екипи кои бараат пенали.
И вториот дел во Битола започна со блага иницијатива на гостинските фудбалери. Во 58. минута по една игра со рака во шеснаестикот на Пелистер судијата досуди пенал, а ударот на Јашароски, Талески го одбрани, а на одбиената топката налета Мишковски, но ниту тој не го совлада домашниот голман, кој со нова бравурозна интервенција го спаси својот гол. До крајот на натпреварот Пелистер одлично се одбрани и заслужено ги освои три важни бодови против директниот конкурент за опстанок во лигата.
Со 38 бода битолчани го обезбедија опстанокот што и беше цел на екипата на стартот на пролетниот дел.
[ngg src=”galleries” ids=”696″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]








