Викендов во Белград се одржа меѓународен турнир во кик бокс ,“Belgrade trophy 2021“ на кео учествуваа и репрезентативци од Македонија, а без дел од 90 натпреваруваци во различни категории.
Леа Бошевска од кик бокс клубот КБК Самурај од Битола освои бронзен медал, по судиската неправда во полуфиналната борба со натпреварувачката од Србија, Јована Павиќ. Борбата во која Леа покажа голема надмоќ и освои многу повеќе поени од противничката, судиите кои беа од Србија, ја преиначија во победа за српската натпреварувачка.
-И покрај ваквата судиска одлука, јас сум презадоволна што имав можност за уште едно искуство кое ќе ми биде од голема важност за идните поголеми натпреварувачки предизвици. Продолжувам понатаму, во надеж дека добрите тренинзи и квалитетната работи ќе ми донесе медали на други межународни натпревари.
-Леа Бошевска продолжува со подготовките за следните големи натпревари европски и сведски, а со напорни тренинзи и пожртвуваност, очекуваме големи успеси, вели Тони Бошевски – тренер на кик бокс клубот Самурај од Битола.








