Press "Enter" to skip to content

Капинковски: физички и психички тежок натпревар, но победи желбата за победа

Екипата на Пелистер оваа пролет, на свој терен под Тумбекафе во Битола, вчера ја забележа петтата победа го обезбеди опстанокот во Првата лига, а победата над Ренова го потрди квалитетот кој е евидентен со доаѓањето на младиот тренер Димитар Капинковски.

Како и сите фудбалери и тренерот Капинковски беа презадоволни по вчерашната тешка победа под Тумбекафе во Битола, а Капинковски рече:

-Секоја натпревар си има своја тежина, па така и овој последниот под Тумбекафе беше сосема различен од оној пред два месеци. Вчерашниот беше многу тежок како физички така и психички бидејќи бодовите беа важни за двата клуба. Во одсуство на неколку поединци извлековме максимум од фудбалерите на терен, а за тоа беа наградени со гол кој донесе победа. Ренова беше одличен противник, не искористија и пенал, ни нашата желба за победа беше одлулувачки, а за тоа што Пелистер растоварен влегува во крајот на сезоната, а додава:

-По влегувањето од Втора во Прва лига оваа сезона имаше промени како играчки така и тренерски, а опстанок без бараж би бил полн погодок за тим кој е во формирање, а тоа се случува сега. Кога дојдов како тренер Пелистер беше опретпоследен на табелата со голем минус во однос на бодовите со другите екипи кои “бркаа“ опстанок. Во овој дел од сезоната ги стигнавме екипите и сега сме во зона која го избегнавме баражот за опстанок. До крајот има уште четири кола, а фудбалерите кои дадоа максимум ќе ја потврдат формата која ја имаат, а само ќе додадам дека овој успе е на играчите.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »