Press "Enter" to skip to content

Денес велигденско коло, Маневски верува во победа над Академија Пандев во Битола

Денес со почеток во 13 часот под Тумбекафе во Битола ќе се одигра натпревар од 31. коло од Првата фудбалска лига, во кое Пелистер ја пречекува екипата на Академија Пандев, а освојување на бодовите за “битолчани“ ќе значи и математички крај на борбата за опстанок.

Еден од најдобрите фудбалери на Пелистер оваа сезона, кој не само во Битола, туку и на гостински натпревари постигна одлучувачки голови,  вели дека двете екипи оваа пролет играат во одлична форма и дека нијанси ќе го решат победникот на овој натпревар, пре овој натпревар вели:

-Секако дека имаме респект кон Академија Пандев, но и тие треба да нè респектираат, бидејќи оваа пролет направивме одлични резултати. Ќе биде тежок натпревар, но се надевам дека ќе стигнеме до поволен резултат, кој ќе ни обезбеди опстанок во лигата. Во однос на натпреварите од првиот дел од сезоната, сега двете екипи имаат доста промени во своите ростери. Нашата форма е во нагорна линија, а токму тоа се случи и со доаѓањето на Васоски на клупата на Академија Пандев. Затоа мислам дека нијанси ќе решаваат околку победникот на овој натпревар.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »