Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за јазли на тироидната жлезда и ултрасонографска (ехо) детекција, за што вели:
-Јазлите – нодулуси на тироидната жлезда можат да бидат бенигни и малигни најчесто детектирани при ултрасонографски (ехо) преглед во зависност од нивната ехогеност, форма,

Потребата од тенкоиглена биопсија на нодулус на тироидната жлезда е најмала кај анехогените цистични промени, потоа кај сунгеровидните а најголема кај хипоехогените тврди јазли. Клинички често се асимптоматски па се до чувство на болка, оток, промена во гласот.
Лекувањето е хирушко, зрачна терапија кај малигните јазли додека бенигните континуирано се опсервираат.






