Пелистер – Работнички 94:77
Во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ во Битола екипата на Пелистер во секој поглед го надигра и славеше над Работнички со резултат 94-77 и во плеј-офот за разигрување за титулата ќе влезе како најдобар пласирана екипа, по 22 кола и со 17 победи.
Екипата на Работнички во Битола ја имаше играта и резултатот само на стартот на натпреварот, а се друго беше доминација на Пелистер. Работнички поведе со 4:8, а потоа се разиграа “пелистерци“ погодуваа “тројки“ а по 10 мунути игра имаа +11, 31:20.
Втората четвртина “пелистерци“ ја започнаа со тројка за 34:12, а потоа стигнаа и на +17 (48:32 на средината на вториот квартал. Работнички немаше решение за нападот на Пелистер, па така на одмор се отиде со резултат 54:39.
И во продолението екипата на Работнички не успеа да најда начин да дојде до пресврт, а Пелистер од минута во минута ја потврдуваше победата, а по 5 минути игра беше +21 на семафорот (70:49), а во последната четвртина се влезе со 79:60.
Последните десет минути беа само чиста формалност, сите кошаркари на Пелистер добија шанса да запишат минутажа и поени, а конечниот резултат беше 94:77.
Најефикасен кај Пелистер беше Малешевиќ со 21 поен, Стајиќ со 19 поени, додека Кесар постигна 16 поени.
[ngg src=”galleries” ids=”706″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]









