Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер денес во Битола го потврдуваат првото место пред плеј-офот

Денес со почеток во 18 часот екипата на Пелистер во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ ќе го игра последниот натпевар во регуларниот дел од Првата кошаркарска лига, против екипата на Работнички од Скопје, кој ќе биде дерби за тоа кој ќе биде на првото место.

Екипата на Пелистер денес во Битола против најтрофејниот клуб кај нас со победа ја потврдува лидерската позиција. Работнички ако сака да биде првак ќе мора да победи во Битола со +25 поени, а во спротивно ќе заврши на второто место.

Ако Пелистер победи и биде првак, двете следно пласирани екипи Работнички и МЗТ Скопје не може да бидат противници на битолчани до финалето.

More from СпортMore posts in Спорт »