Press "Enter" to skip to content

Бобан Стајиќ: Битола е убав град, а Пелистер ќе ги напаѓа двата трофеја

Во Битола, синоќа, со убедливата победа на Работнички, кошаркарите на Пелистер го потврдија првото место во регуларниот дел на првенството, а и дека се најпријатното изненадување во Првата македонска кошаркарска лига,

Пелистер победи на 17 натпреаври, а голем број ги победи со постигнати повеќе од 100 поени, а еден кој постигнуваше поени за победа е плејмејкерот, Бобан Стајиќ, кој за натпреаврот против Работнички и за она што следува рече:

-Знаевме од какво значење е натпреварот. Цела година сме најдоминантни, ги надигравме сите противници, од никого не бевме надиграни, тоа беше голем мотив да го потврдиме тоа и со Работнички. Мислам дека е јасно дека Пелистер ќе ги напаѓа двата трофеја. Колку ќе успееме во тоа, ќе видиме, но наше е да излеземе и да играме препознатливо како што знаеме, како што ги победуваме противниците сезонава, а останатото – ќе видиме. Уште на почетокот на сезоната целите на клубот беше да се постави една добра основа. Ние не размислуваме многу за следната година, некои од играчите имаат договори, но сега целиме на титулите. Битола е убав град, Пелистер е одлична средина и зошто тоа да не остане успешно и во континуитет?

More from СпортMore posts in Спорт »