Press "Enter" to skip to content

Немања Обрадовиќ во наредната сезона во Битола, ново засилување на Еурофарм Пелистер

Српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ е нов член на Еурофарм Пелистер од Битола. Левиот бек се обрвза на едногодишен договор со битолскиот клуб и ова лето ќе пристигне во нашата земја и официјално ќе биде претставен во Битола.

Обрадовиќ кој има 30 години доаѓа од ППД Загреб, игра на позицијата лев бек со огромно искуство од настапите во неколку национални првенства во Европа, а исто така играл со неколку клуба и во Лигата на шампионите.

Обрадовиќ е роден во Крушевац, а во српската лига ги носел дресовите на Напредак, Јагодина и Металопластика. Првото интернационално искуство беше во Франција, каде играше за Валанс, од каде во 2016 година премина во Металург. По настапите во Автокоманда, Обрадовиќ настапуваше за Висла, Мешков Брест и ППД Загреб.

За српската репрезентација настапи на 20 натпревари и постигна 26 гола.

More from СпортMore posts in Спорт »