Press "Enter" to skip to content

Одложениот натпревар од СЕХА Еурофарм Пелистер – ППД Загреб на 1 јуни во Битола

СЕХА Гаспром лигата го одреди 1  јуни како термин за одигрување на последниот натпревар од група “А“ меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб, а ќе се оигра во Битола.

Овој последен натпревар за “пелистерци“, како и оној на загрепчани во Шабац на 25 мај треба да го одреди финалниот пласман во групата.

Со оглед на епидемиолошката ситуација и најавите за вакцинација на спортистите и учесниците во лигата, и поради недостаток на датуми во календарот за оваа сезона решено е четвртфиналните натпревари од СЕХА лигата да е играат во август.

Почетокот на мечевите би бил 15 август, а точните датуми ќе бидат познати по консултациите со екипите.

СЕХА лигата реши следниот Ф4 турнир да се одржи во Задар, Хрватска од 3 до 5 септември 2021 година.

More from СпортMore posts in Спорт »