На стартот на новата сезона, која Управата на КК Пелистер од Битола, скромно најави дека клубот има амбиции да биде дел од врвот на македонската кошарка, битолчани со оглед на тоа дека и претходно имало вакви најави не го сфатија тоа серизно, но за по некој ден кога почнаа да доаѓаат засилувањата, комплетно нов играчки кадар и нов стручен штаб се виде дека на пат е нов сериозен спортски проект. Новиот тренер Марјан Илиевски заедно со Управата “ги погодија“ засилувањата кои дојдоа во Битола, Трајковски, Кесар, Стајиќ, Малешевиќ… кои убедливо во турбулентна сезона, поради ковид-19, стартуват од местото број 1 во плеј-офот.
На чело на тој проект беше Мери Ковачевска, прв жена претседател на КК Пелистер, кој деновина кога Пелистер по регуларниот дел на првенството е првопласиран пред Работнички, МЗТ… вели:
-Сакам да им честитам на кошаркарите, стручниот штаб и клупската управа. Одигравме регуларен дел на сезоната без грешка и поставивме клупски рекорди на успешност. Пелистер никогаш не бил прв пред плеј-офот, посебно не по лошата мината сезона. Но, сакам да потенцирам дека од првиот ден верував во овој тим и денес верувам дека може да игра со секој противник во македонското првенство. Затоа можам само да ги охрабрам да ја играат оваа кошарка која освои многу симпатии и меѓу неутралните и да ги радуваат фановите и во Купот и плеј-офот. Што се однесува пак до сега како се одвиваше сезоната, беше непредвидлива и тешка, многу наближани натпревари, па многу долг период без натпревари, но најважно е што се играше кошарка и покрај сите проблеми поврзани со пандемијата.
И покрај проблемите поради ковид-19 Пелистер во последните месеци, веќе еден месец тренерот Илиевски телефонски ја води екипата преку помошниците, а по завршувањето на регуларниот дел од првенството, викендов има нова битка, да се обиде да донесе пехар од Купот во Битола, за што Ковачевска вели:
-Во спортот победите или поразите се минато, а секогаш најважен е наредниот натпревар, а нас тоа не очекува уште во петок, каде ќе се бориме за победа во Купот. Овој тим нема никого ни да прецени, ни да потцени. Оваа седмица се подготовките за Купот на Македонија кој се игра каде наредниот викенд во Скопје. Целиот тим заедно со нас во Управата на чие чело сум јас напорно работевме да дојдеме до ова ниво и верувам дека не сме го кажале последниот збор, а се надевам првата верификација на нашата работа ќе биде уште во недела.
Кошарката и спортот се играат за гледачите, за публиката во салата, која за жал оваа сезона кога Пелистер е најсиленја нема во салата во Битола, за што Ковачевска вели:
-Тешко е да се игра кошарка во Битола пред празни трибини, кога знаеме дека битолчани ќе бараат карта повеќе за претходните натпревари, а плеј-офот и битката за титулата ќе се играше во преполна сала, Но, сакам да ги поздравам нашите навивачи, ним најмногу им недостигаат натпреварите, а нам и тоа како ни фали нивната поддршка. Пред полна сала во Битола никому немаше да му биде лесно. Ме радува што јас, тренерот и кошаркарите секојдневно ја чувствуваме поддршката на “Чкембарите“ и наскоро ги очекуваме на нашите натпревари.
Иако сега се разгоре битката за двата трофеи во мак кошарката и целата концентрација е насочена кон тоа, Ковачевска ја запрашавме дали има некои конкретни планови за наредната сезона, за што рече:
-Во право сте, сите сме насочени кон последните натпревари кои ја решаваат сезоната, но разлислуваме и за новата сезона, за тоа каква ќе биде ашата иднина. Растеме и како клуб и како тим и ваквите сезони во кои ќе бидеме на или при врвот, во кои ќе играме рамноправно и ќе ги победуваме најдобрите македонски екипи, верувам ќе ни станат секојдневие. Имаме проект и со клучните кошаркари, и со младите кошаркари, па верувам дека силен кошаркарски клуб и недостигаше на Битола, а добредојден е и во македонската кошаркарска мапа.
Битолчани в петок ќе играат со Навико ФМП Академија, а ако слават ќе се соочат со поуспешниот од натпреварот Куманово – МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето на Купот на Македонија.









