Press "Enter" to skip to content

Чанески и Мандалиниќ: комплетни влегуваме во завршницата од Купот, се стремиме кон финале против Вардар

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола, по поразот од Вардар во првенството со нетрпение во Скопје, го очекуваат новото соочување, како и што сите очекуваат, во финалето од Купот, но, двете екипи прво треба да се одработат полуфиналните обрвски, против Бутел и Металург. 

Капитенот на пелистерци, Градимир Чанески, пред финалните натпревари, првиот против Бутел, денес попладне, вели:-Имаме време да се подготвиме и ќе треба да ги одработиме двата натпревари доста сериозно. Благи фаворити сме против Бутел, но се стремиме кон финалето, да одиграме максимално и да го донесеме пехарот во Битола. Се надеваме дека ги научивме поуките од поразот од Вардар 1961 во шампионатот. Тоа треба да го покажеме на терен. Кога сте комплетни е многу поразлично и ротацијата е подобра. Сите ќе го дадат максимумот за титулата да дојде во нашите витрини.

Хрватскиот интернационалец, член на  Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ, првпат ќе игра на завршниот турнир, а за престојниот “Ф4“ вели:-Сите екипи во Купот имаат свои шанси. Првиот натпревар е Бутел и се подгтуваме за тој натпревар, па потоа ќе видиме што ќе биде. Секако дека гледаме шанса во Купот, квалитетна екипа сме, добро работиме и се подготвуваме и ќе видиме што ќе донесе „фајнал-фор“ турнирот.  Сите клубови имаа проблеми со ковид-19, нè стигнаа и повреди и не бевме комплетни баш кога требаше да бидеме вистински. Многу се радувам што сме комплетни и тренираме цела екипа. Добро ќе се спремиме и ќе бидеме силен конкурент на сите ривали и во шампионатот и во Купот. Верувам дека со ангажманот и квалитетот ќе покажеме каков квалитет имаме“, заврши хрватскиот бек. 

Минатата сезона не се одигра завршницата на Купот на Македонија заради пандемијата од ковид-19, а во 2019 година Металург се радуваше на турнирот во Куманово.

More from СпортMore posts in Спорт »