Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: ултрасонографски (ехо) приказ на v.portae и ductus choledochus и нивно значење кај цироза на црниот дроб и холестаза-механички обструктивен иктерус

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за ултрасонографски (ехо) приказ на v.portae и ductus choledochus и нивно значење кај цироза на црниот дроб и холестаза-механички обструктивен иктерус, за што вели:-Латерална лева позиција на пациент субкостален кос пресек приказ на вена порте -v.portae еден од главните крвни садови кои носат крв во црниот дроб со нормален дијаметар до 12 мм,нејзиното зголемување е најчесто во случаи на зголемена портална хипертензија кај цироза, веднаш над неа се визуелизира општиот жолчен канал -d.choledochus преку кој жолчката создадена во црниот дроб се транспортира во дуоденумот со цел метаболизам на масти. Нормални димензии на дијаметар на холедохус се до 6 мм при присутно жолчно ќесе поточно до 10 мм во случаи на холецистектомија. Кај обезни пациенти и пациенти со гастични заболувања (хијатус хернија, гастритис, пептичен улкус) често е потребно извршување на ERCP со цел утврдување на застој на истек на жолчка -холестаза кај пациенти со маханичка обструктивна жолтица и инвазивна гастроскопија со цел отсранување на холестазата предизвикана најчесто од калкулоза која доколку е на ниво ампула Ватери може да доведи  и до  компликација акутен панкреатитис!

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.

More from СоветиMore posts in Совети »