Press "Enter" to skip to content

Капинковки и фудбалерите во Битола со победа ја завршија фудбалската сезона на 6. место (фотогалерија)

Пелистер – Беласица 2:0 (1:0)

Екипата на Пелистер со победа, во Битола, под Тумбекафе ја завршија оваа фудбалска сезона во која уште пред три кола ја исполнија целта, опстанокот во Првата фудбалска лига. Денес ти е во Битола, по трет пат, оваа сезона ја совладаа екипата на Беласиц, со резултат 2:0, полувреме 1:0. “Пелистерци“ предводени од тренерот Димитар Капинковски, растоварени влегоа во натпреаврот, но како и ветија така и одигра со победа да ја завршат сезоната.Првата шанса во 3. минута ја имаше Гудиаби, а потоа и Николовски. Во 19. минута, Размовски од лева страна центрираше, топката дојде Илијовски, кој го пронајде капитенот Драгарски, кој си нога топката ја смести во мрежата на гостите за 1:0.И во второто полувреме “пелистерци“ ја имаа иницијативата, а следуваше шансата на Пејаковиќ, која го одбрани гостинскиот голман. Маневски по некоја минута се обиде со с глава, но Вулиќ успеа да одбани.За струмичани најзрелата ја која ја имаа беше ударот кој голот на Пелистер, но голманот Трајчевски ја извади топката од под пречката.Вториот гол за Пелистер, повторно како во еден друг натпревар, го постигна Гудиаби кој сам го претрча полината терен, направи дар-мар во противничката одбрана и со слалом до крај постигна ретко убав гол.

“Пелистерци“ сезоната 2020/2021 во ПМФЛ ја завршија на шестата позиција.

[ngg src=”galleries” ids=”715″ exclusions=”7562″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from СпортMore posts in Спорт »