Press "Enter" to skip to content

Пелистер поведе во плеј-офот со 1:0 против ФМП во Битола

Пелистер – Академија ФМП 89:84

Екипата на Пелистер вечерва во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ во првото коло од плеј-офот ја победи екипата на Академија ФМП со 89:84, и поведе со 1:0 во серијата, и му се одмазди за поразот во Купот.Екипата на Пелистер одигра две различни полувремиња, во првите 20 минути одиграа одлично, и направија убедлива разлика, која со доста рутинирана, и смирена игра ја оддржаа во второто полувреме. На одмор се замина со 54:37 во корист на Пелистер.Во продолжението, после одморот Академија ФМП направи серија од 0:11 и се врати во натпреварот 54:48, а во завршните 10 минути се влезе со +3 за Пелистер, 63:60. Искусните играчи на Пелистер, Стајиќ и Малешевиќ не дозволија ново изненадување на ФМП во Битола, за предност од 83:76, која до крајот остана на контото на тимот од Битола.Најдобар кај Пелистер беше Кесар со 22 поени, од кои 20 ги даде во првиот дел, пред Калахан со 21 поен. Трето име со двоцифрен учинок беше Стајиќ со 16 поени, а Малешевиќ реализира 15 поени.

Фото: Д.Кузмановски

[ngg src=”galleries” ids=”718″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from СпортMore posts in Спорт »