Во спортската сала на Економското училиште во Битола се одигра 1/4 финалето од државна Лига на Македонија за пионерки, каде екипата на Пелистер Волеј од Битола, убедливо ги победи своите врснишки од Скопје, од екипата на Вардар ЕМ.
По победата и пласманот во “Ф4“ за разигрување за медали, тренерот на пионерките на Пелистер Волеј, Владимир Трифуновски рече:
-Фантастична игра на нашите девојки, неверојатен прв сет во кој одигравме на највисоко можно ниво. Во вториот сет гостинската екипа покажа дека не е залудно во најдобрите осум и тоа беше најнеизвесниот сет. Во третиот, Пелистер Волеј заигра на нивото од првиот сет и ја завери убедливата победа.
Поените денес ги освоија:, Трпеновска Ева 16, Трајковска Ирина 10, Анастасија Ристевска 6, Тамара Кочанковска 4, Викторија Наловска 2, Билјана Јаковлевска 1 и Емилија Лозановска 1.
[ngg src=”galleries” ids=”717″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]









