Пелистер Волеј – Весна Пробиштип 3:0
(25:04; 25:21; 25:13)
Битола можи да се радува на уште еден фајнл фор турнир, односно шанса да се нападни шампионската титула и во младинската лига, по натпреварот во Битола, во салата на економското училиште, каде младинките на Пелистер Волеј ја победија Весна Пробиштип со 3:0, за пласман во “Ф4“ во борба за медал.
За оваа значајна победа тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по завршувањето на натпреварот рече:
-Младинките на Пелистер Волејсвојата доминација ја најавија уште во првиот сет, кога на противникот му дозволи само 4 поени, по што беше јасно дека и овај пат битолчанки нема да препуштат ниту еден сет. Во вториот сет гостинките се заканија и заиграа далеку подобро, дури и имаа водство до 17 поен, по што следеше пресврт 18:17. После тоа Пелистер не дозволи да има неизвесност и го доби сетот со 25:21 Во третиот и последен сет, повторно доминацијата беше на наша страна, а победата беше прашање на време, сет во кој сите добија шанса. 25:13 за конечни 3:0 и влез меѓу најдобрите четири екипи.
Со оваа победа младинките на Пелистер Волје ја потврдија доминацијата во домашното младинско првенство, две години младинките на Пелистер Волеј не знаат за пораз, ниту за загубен сет.
Поените денес ги освоија: Ева Трпеновска 14, Ана Пејовска 11, Ивана Белокозовска 7, Стефани Најдановска 7, Меланија Каралиоска 4, Михаела Цветановска 4, Анастасија Ристевска 3 и Јана Василевска 1.
Фото: Дамјана
[ngg src=”galleries” ids=”720″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”30″ order_by=”filename”]









