Академија ФМП – Пелистер 45:87
По победата над ФМП во Битола и победата во Скопје екипата на Пелистер влегува во финална битка за првак на Македонија против екипата на МЗТ Скопје на два добиени натпевари, а битката за финале ќе започне во Битола.
Пелистер лесно и убедливо дојде до победа над ФМП со резултат 45:87, а беа потполно доминантни и во ниту еден наврат не му дозволија на противникот дека може да изненади, без првиот тренер Марјан Илиевски и без повредениот Бојан Трајковски.
Првата чествртина заврши 5:15, а на одмор се отиде со +20 (21:41). Третата и четвртата четвртина беа само колку да се одигра натпреварот, за +42 на крајот 45:87.









