Поради репрезентативни и клубски обврски двајцата стандардни репрезентативни на фудбалската реперезентација на Македонија, Кире Ристевски и Стефан Стефановски, не беа во можност на свчееното доделување во февруари да ги примат признанијата кој им ги додели Сојузот на спортови на Битола за изминатата година, како резултат на пласманот на Европското првенство.
Затоа вчера вечер, пред започнувањето на подготовките на македонската фудбалска репрезентација, која следниот месец ќе настапи на завршниот турнир на Европското првенство, најдоа слободно време да ги примат признанијата, кој им го врачи потпрестедателот на Сојузот на Спортови на Битола, Ѓуро Илиќ.
Двајцата добија специјални признанија, од Сојузот на спортови на Битола, во рамките на посебните признанија, кои ги доделува организаторот на манифестацијата „Десет најуспешни спортисти на Битола“, а вчера беа гости на Сојузот на спортови и во ресторанот “Белведере“ им беа врачени.
Во името на организацијата, дипломите и пехарите им ги врачи потпретседателот Ѓуро Илиќ, кој рече дека го радува тоа што битолски спортисти има на големите европски и светски натпреаврувања, во случајот Европското првенство во фудбал, на кое пласман избори македонската репрезентација, а таму се Ристевски и Стефановски.

Сојузот на спортови на Битола им ги додели признанијата на репрезентативците Ристевски и Спировски (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- ЈКП “Водовод“ – Битола: реконструкција на водоводната мрежа – улица “Христо Ботев“
- СВР Битола: опожарено “поло“, прилепчанец нападнат на “Прилепска“
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Градоначалникот Коњановски во посета на Будва
More from СпортMore posts in Спорт »
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала








